imageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimage

За Алуминка

   За време на своето досегашно постоење, АЛУМИНКА д.о.о. успеа да стане една од најреномираните и најпрепознатливи брендови, бренд кој со голем број на изградени јавни и приватни објекти , успеа да стане репрезент на она што претставува квалитет, сигурност и пред се доверба во инвестираното, доверба која се докажува преку трајноста на сето она што го носи амблемот на проектираното, изработеното и монтираното од страна на АЛУМИНКА.

   Алуминка својата работна дејност ја започна со израбтка на алуминиумски конструкции каде таа се стекнува со огромно искуство од страна на менаџерскиот тим кој повеќе од триесет години работи истата дејност, со високо квалификувани погонски работници и монтажери. АЛУМИНКА стана избор за преку стотина изведени објекти во Република Македонија, Србија, Косово и Албанија.

   Следејќи ги модните трендови, побарувањата на клиентите и брзиот развој на технологијата Алуминка постојано го проширува својот спектар на производи кои ги нуди се со цел задоволување на потребите и барањата на клиентите. Со цел да се стекне довербата на клиентите предходно мора да се обезбеди квалитет на се она што е произведено.  Квалитетот произлегува и од одлуката на менаџерскиот тим за користење на светски реномирани и брендирани производители на алуминиумски и ПВЦ системи како и стакло.