imageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimageimage

Наша мисија

   Алуминка е формирана за да биде најдобра во бизнисот на изработка на алуминиумски,  стаклени и ПВЦ конструкции. Компанијата порасна од самиот почеток и се до денешен ден успеа да стане една од водечките лидери во оваа област. Нашата филозофија е едноставно да бидеме најдобри во тоа што го работиме, без разлика што е тоа. Начинот на кој што работиме во Алуминка е да се грижиме за нашите клиенти, да се грижиме за производот кој го правиме за на крајот вашиот и нашиот ден да биде продуктивен и одличен.

   Нашата мисија е да бидеме најдобри во бизнисот! Кога ќе ја погледнете нашата организација веднаш ќе сфатите дека мораме и со задоволство го контролираме секој процес во изработка на крајниот производ. Квалитетот на производот ни е најбитен и поради тоа ги следиме светските брендови и усовршувањето во процесот на изработка  на крајниот производ. Имаме голем број на иновации и мотивации и тие се она што всушност не тераат да продолжиме понатаму, со проширување и подобрување на рамките во Алуминка, и секогаш поставувајќи си ги прашањата како може крајниот производ да биде изработен подобро, попаметно, побрзо, со поголем квалитет и со што по пристојна цена.  

   Во дизајнирање и моделирање на нашите производи секогаш внимаваме на тоа нашиот производ да е колку што е можно подобар и попрактичен во секој поглед, за да би можеле да бидат задоволени и двете страни- ние како фирма и вие како купувачи, поради тоа и нудиме најдолга гаранција на нашите производи се со цел нашите коминтенти секогаш да бидат задоволни. Квалитетот и цената е она што не двои од останатите, секој што пробал од нашите производи и од оние од конкуренцијата може да ја воочи разликата и да говори за квалитетот, со тоа се потврдува и се она што го говориме ние.

   Горди сме на нашиот бизнис, горди сме на нашите клиенти, се гордееме со нашите вработени. За секој проблем кој што сте го имале до сега можете да разговарате со нас и да ви го дадеме идеалното решение за вашиот проблем. Кога ќе купувате производ од нас тој ќе ви биде вечен и  нема да имате потреба од негова промена. Оставаме делата да говорат за нас, зборовите на нашите клиенти се наш најмоќен маркетинг.